мој (прид.) - тврдење (имн.)

Се разбира, со ова мое тврдење не им го одземам правото на оние кои ќе ни го свртат грбот за да го потрошат сето свое време во разговори со миленичињата: кучињата, мачките, пилињата!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Единствената слабост што можев да ѝ ја припишам, и тоа со мала резерва, беше она нејзино чувство на навреденост од животот што и Даскалов мислам го спомна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Треперењето изразуваше несогласување но и страв од она мое тврдење дека времето е бескрајна празнина: и она време, во кое таа има намера да замине, а и другото, моето, во кое во тој момент ќе се наоѓам јас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Си се препознал – го отфрли моето тврдење Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби оттука и произлегуваше она мое тврдење дека таа многу често му проштеваше на животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не наоѓам ништо страшно во таквото однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Ја прашав: кога се паѓа роденденот на В. Зрновски? - упорно настојував да го уверам дека навистина ја сретнав Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)