мој (прид.) - татко (имн.)

На другата страна од селото, во една таква штала со сламен покрив живееше Кире. Тоа е мојот татко.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На мајка ми, која повеќе не гледа, мојот татко би сакал да ѝ ја чита книгата на македонски, нејзиниот мајчин јазик, единствениот со кој се служат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Жан-Ноел Пасел, козар од јужна Франција Мојот брат, Константин Кристидис ја прочита вашата книга Времето на козите и му ја подари на мојот татко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А мојот татко не беше ерудит, ниту мудрец, како на Луан, но тој беше отворен и без предрасуди кон другите, секогаш готов на пријателство со туѓинци и си имаше своја мудрост кон животот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Оххх! - извика Хана - Кутриот мој татко.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Мојот татко лани почина по една тешка операција на очите.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Посебно бил радосен мојот татко кој до крајот на неговиот живот тоа ми го ставаше до знаење.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Си замислувам како станувам успешен, познат па дури и славен и како од анонимноста на естаблишментот се појавува мојот татко, колку да ме привие на гради толку и да се чукне в гради.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мојата мајка ја оставија, како невеста на мојот татко, на брегот од Езерото, сиот живот да копнее,како птица отфрлена од јатотото, за небескиот лет кон Цариград.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Овде се проучуваа случаите на мојот чичко, на мојата тетка, на мојот татко, на мојот дедо, на целиот обесправен, потчинет и понижен род.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Притоа, ова е битно да го спомнам, никогаш не се откажав од овој експеримент иако негде во свеста, но многу длабоко, ме подјадуваше сомнението дека вистинската средба се уште се нема случено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или поточно моите татковци. (Се разбира кога некој од нив ќе се измолкнеше од темнината на размислите и ќе ми пријдеше)...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми раскажуваа, се разбира не таа која беше толку кротка и скромна жена, дека била најубава девојка во селото во која се заагледувале многу момчиња, но таа се загледала само во еден, мојот татко.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ми се чинеше тој, мојот татко, не би бил во состојба да направи такво нешто.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Гордо чекорев крај него и имав чувство дека мојот татко е најдобар и најубав од сите други.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сега кога мојот татко отворено ми рече дека има таква намера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Имав чувство дека сите овие луѓе што ручаа кај масата ни ја одземаат некако, по некаков скриен подмолен начин, а јас сум беспомошна тоа да го спречам, бидејќи татко ми, мојот татко им го беше дозволил тоа, тој им ја отвори вратата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Од мене се очекуваше да бидам писател”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговиот расказ „Куќата на Астерион“ може да се чита, а да не се претера во толкувањето, како метафора за самиот Борхес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но може ли литературата - потфат чијашто цел е да го обликува внатрешното гледање на својот творец - да биде пренесувана од татко на син?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Всушност, понекогаш помислувам дека никогаш и не сум излегол од таа библиотека”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е плочникот на Квинтана, кадешто мојот татко, веќе слеп, заплака здогледувајќи ги древните ѕвезди.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Зарем не ми веруваш? Немаш доверба во мене? Зарем не... зар не ме сакаш?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е висока зграда во Јужното предградие, во која мојата жена и јас го преведувавме Витмен, чијшто моќен одек може да се одрази барем на оваа страница.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наводот од “Tlon, Uqbar, Orbis Tertius”, потекнува од списокот на различните филозофски школи во Укбар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е една врата со куќен број зад која, во темница, неподвижен минав десет дена и десет ноќи, што во помнењето се како миг.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во едно подоцнежно интервју, тој опширно зборува за судбината што му е доделена: “Мислев дека сум роден за писател, но сега гледам дека не било така.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во неа Минотаур избира да остане во лавиринтот во кој е затворен: „Едно попладне“, признава тој, „излегов на улица; ако се вратив пред мрак, тоа го направив поради стравот што лицата од обичниот свет го предизвикуваа во мене“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е коњаник од тежок метал што од високо фрла кружни низови од сенки. Тоа е истиот коњаник на дожд.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Денес сигурно знам дека таа вокација во мене ја поттикнал мојот татко затоа што самиот сакал да биде писател, но судбината го одвела во друга насока: стана адвокат и професор по психологија...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Зборувајќи за неостварените книжевни стремежи на својот татко, Борхес во својот “Автобиографски есеј” напиша: “Од времето кога бев момче, кога слепило го снајде мојот татко, премолчено се подразбираше дека јас треба да ја остварам книжевната судбина којашто околностите му ја одрекоа на мојот татко.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа јас верувам дека таа моја вокација е одговор на татковото наметнување.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Синот ќе ги спроведе во дело татковите ностварени желби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бев човек со умерени навики и со добро здравје, ги менував долните алишта и чорапите секојдневно - некогаш и два пати дневно - и работев во канцеларија со чисти, јасни, недвосмислени бројки, управувајќи со еден ланец од продавници за чевли на мојот татко (и тој самиот умре чист, од срцев удар, во седумдесет и петата година).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е последното огледало кое го одрази лицето на мојот татко.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Многу години подоцна, во својот “Автобиографски есеј” од 1970-та, тој повтори дека & останува верен на планетата Тлон, т.е. на светот на книгите: “Да ме прашате да го именувам главниот настан во својот живот, би рекол дека тоа е библиотеката на мојот татко.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
“Но Бреда, реков допирајќи ја за да ја смирам и патем милувајќи ги нејзините меки, со пластика пресвлечени гради.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е Кристовото лице што го видов во прашината, расчукано со удари од чекан, во еден од бродовите на црквата на Милосрдието.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа беше нешто земано здраво за готово.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Последната реченица во Портретот на уметникот во младост упатува на таа замена, која е направена без страв и чувство на вина: “27 април: Стар мој татко, стар мајстору, поддржи ме сега и секогаш на добро место”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Очајот се беше претворил во физичка болка, се прпелкав во креветот, и проколнував, немав друг лек за болката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се прпелкав во постелата и проколнував, го проколнував мигот на моето раѓање, ја проколнував мајка што не ги стиснала нозете да го смачка малото крваво главче кое едвај што подизлегло надвор од неа; ја проколнував утробата на мојата мајка што ме додржала девет месеци, што не ми станала гроб; го проколнував семето на мојот татко, и неговиот копнеж да ѝ се приближи на мојата мајка во ноќта на моето зачнување; ја проколнував и таа ноќ на зачнувањето, го проколнував и првиот ден на првите луѓе, и нивната прва страст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби тоа ме натера денес, по триесетина години од сликарскиот занес, просто да ја проголтам книгата „Мојот татко - Волт Дизни“, напишана од неговата ќерка, Дајана Дизни.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како човек со добар вкус, мојот татко од сите платна ја претпочиташе свилата и ниту еден друг материјал не му се чинеше достатно подобен за мене.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Штом е така, одиме на доктор, - реши мојот татко.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Секако, и пред тоа мојот татко повеќе пати ме земаше за посочениот орган, но претходните обиди не беа ништо повеќе од реални симптоми на татковска нежност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас тоа го извршував со такви напори, што на осум години еднаш го видов татко ми да ме земе за рака.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- По ѓаволите! Има свилен да ми бидеш!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Хмм...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ова му доаѓа како реципроцитет, бидејќи ти веќе го запозна мојот татко. - се насмеа Ивона.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Види го ти него. Од каде мојот татко има толку агрономски знаења? - се зачуди Ѓорѓе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој како да сакаше едно од децата, едно мало ѓаволче како стрела излета од стројот и како давено од некого очајнички крикна: - Татко Лентен! - проклет да бидам, со сета сила му се висна околу вратот, - татко Лентен, мрмореше, знаев оти ќе се вратиш, непрестајно мрмореше, знаев, ти си мојот татко!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мојата проклета карактеристика , сакав да ѝ речам, тоа не е моја , таа карактеристика е на мојот татко, но таа кратко и суво ме пресече.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Далечина Додека трчам крај Северното море милји далеку мојот татко застанува потпрен за држалото на мотиката. Тука сме - значи - зборува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Бургиба Јуниор, во доверлива искреност, ми ги изрече зборовите кои засекогаш ги запаметив и ја чинеа суштината на мојата замислувана телеграма: - Мојот татко Хабиб Бургиба е мудар човек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бургиба Јуниор ја забележа мојата зачуденост и во истиот тон продолжи: - Сигурно ќе сакате да дознаете кого има одредено мојот татко за наследник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше тоа крајот на медитеранското лето во Струга, но еден нов почеток на едно пријателство кое подоцна ќе се влее со својата дискретна и ненаметлива присутност и во моите дипломатски години, во заедничката потрага по убавината и толерантноста на човекот кога страда, кога трага во неговата поширока смисла и хармонија во потрага по заедничкиот излез ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXIV И мојот татко е таму Со маслиново стебло од илјада години Кое ниту е од Исток, ниту е од Запад Тој можеби се одмора од освојувачите Махмуд Дарвиш И земјата се пренесува, како јазикот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Токму така! Мојот татко си го планирал и државниот удар против себе.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа како што ти реков не ги делеше политичките убедувања на мојот татко.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Мајка ми никогаш не ги делеше политичките погледи на мојот татко.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ќе било кијамет ако ја минеме! Така ми велеше мојот татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И вториот: Веќе два пати за мене животот има завршено: еднаш, во 1945 година кога татко ми повеќе не можеше да ми овозможи да продолжам да учам така што морав да ѝ се вратам на земјоделската работа којашто не успеав ни да ја засакам ниту пак на неа да се навикнам и, вториот пат, кога почина жена ми оставајќи ме како чкор в планина по кого што никој жив не ќе се наведне да го земе за макар каква употреба ама јас и сам си го имам кабаетот зашто немав пари да му го платам лекот за да си ја излечам женат на Војаната, душманиот на мојот татко заедно со оној Трајка Казиовски од Ливаѓе и сега и мои душмани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ти одговарам на твојата молба да ти напишам нешто за твојот прадедо и мојот татко Копе.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
За четвртата оксфордширска градина пишувам по повратокот во Скопје.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Вечерта по погребот, спепелената мајка ги наоѓа мојот татко и сестра му со усти преполни диво цвеќе, и цвеќе украдено од градината.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Само нешто да те прашам. Што е тоа мутлуми? - Мутлуми? Тоа ти се греди. Тавански.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Мојот татко. Спасе. Така се вика...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Така, долго време откако мојот татко загина, мајка ми дење спиеше и не сакаше да излегува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа беше бродот на мојот татко што минуваше над нашиот град, гратчето кадешто вселенските ракети никогаш не доаѓаа, и ние ќе лежевме будни следните два часа, размислувајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се сеќавам на мојот татко тоа попладне, како копа и копа во градината, како животно што бара нешто, така прилегаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А мојот татко, кога бил дете, немал можност за такво радување.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
________ 27 Месност кај мијачкото село Папрадиште, велешко, од кајшто потекнува мојот татко Васил Андре Ќулавков
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ах, мојот татко.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
ТОМЧЕ: А мојот татко, поарно да го немам! Катил, намќор! Човек без душа, без срце!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ЕФКА: (Однадвор.) Ајде, деца, доста ви е!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кротката и умна Галибе Анум ми зборуваше со ведрина за мојот татко, за местото каде што живеел и работел, куќата крај морето во Бујук-Ада.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога се појави Елен Лејбовиц во светот на моето пишување, навлегувајќи длабоко во трите книги од балканската сага имав чувство дека таа го беше открила и моето страдање поради татковото отсуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја чувствував, како ја презема улогата на читател на мојот татко, на моите браќа...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И токму овој јазик му беше мајчин јазик на мојот татко.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И мојот татко и Видал имаа некакво заедничко балканско наследство, бивајќи едновремено речиси закоравени фаталисти и ортимисти.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа како да настојуваше да го замени присуството на мојот татко, кога јас најмногу го чувствував неговиот недостиг во моето пишување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со блиски од семејството, освен со мојот татко, кого одамна го немаше, немав постигнато толку голем степен на доверлива блискост, дури и еден вид интимност, во врска со плановите на моето пишување и балканската сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ваш Луан Старова XXIX Мојата верна читателка Елен Лејбовиц со големо внимание ги следеше драматичните настани во Mакедонија пролетта 2001 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Мајка ми, водена од инстинктот да се жртвува за својата рожба, раководена од стратешката визија на мојот татко во потрага по дефинитивна татковина, губејќи ја родната земја засекогаш, велеше дека Севишниот и го дарил животот за да ги спасува своите чеда.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вистинските преведувачи се посебен сој луѓе, во тоа бев најмногу уверен од искуството на мојот татко кој цел живот ги преведуваше битолските кадиски записи, познатите сиџили (од XVII до XIX век), потоа на Јусуф Вриони.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Првин тоа беше мојот татко, кој, како што пишувам во Татковите книги, с додека беше жив, дури во залезните години ги читаше првин моите новинарски прилози од еден долг период, а потоа и првите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Видал Наум, како и мојот татко, имаа заедничко минато во времето пред падот на Отоманската Империја, балканските војни, Првата светска војна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како што мајка ми беше чувар на соништата на нашите детства, постојано обземена од опсесивната запрашаност, како што добро забележувате во вашето писмо, дали ќе има војна, така и мојот татко трагаше по стратегијата на орстанокот на семејството, жртвувајќи го својот сон крај своите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И тогаш се фаќав во ситна трговија со читателското внимание на мојот татко.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа беше за мене голема, незаборавна средба во животот. Mногу години по завршените студии, јас поретко одев на часови по француски јазик кај мојата професорка. Kако некогаш на мојот татко, постојано ѝ носев книги, кои таа ревносно наоѓаше време да ги прочита и потоа да ги коментираме заедно, да ги потцртува со молив за мене позначајните места.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во времето на Големата војна, кога Корча и Поградец беа француски зони, еден вид мала република, мојот татко беше преведувач и секретар на француско-албанската администрација во Поградец.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
ТАТО Често мојот тато ќе ме чукне по рамо и ќе рече: - Сине мој, кажи, нели јас и ти сме вистински мажи?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Со овој мој татко понекогаш многу полесно се разбирам, одошто со мама, - си помислив, замолувајќи го да остане малку со мене додека да ме фати првиот сон.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ова се моите два брата, играат шах во градината, а ова е мојот татко.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мојот татко се ожени со мојата мајка во 1902 година, но моите родители ме родија дури кон крајот на 1905 година, затоа што мојот татко посака неговото дете задолжително да се роди за Нова година.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
А мојот татко беше прекрасен.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И таа дотрча и малку подоцна ми викна: Мико, дојди дома кај мене и речи му на мојот татко и тој да ми донесе нова мајка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Впрочем, мене мојот татко ме учел дека не треба да се галат децата и дека тоа може да го направиш само кога спијат и не те гледаат зашто ќе се разгалат. Глупаво однесување!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)