мој (прид.) - студио (имн.)

Потоа често се среќававме во моето студио, особено откако Шефот ми даде задача да допрам до евентуалната улога на Ниротакис во организираната трговија со луѓе и криумчарење мигранти.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Според сознанијата на Шефот, не беше исклучена можноста, паралелно со работата од Солунското пристаниште до Прифатниот центар и ангажманот што го имаше со нас во секојдневните активности околу пласманот на жените на црно, вклучувајќи го тука и бизнисот со текстилните фабрики во Дренок, Пробиштип и Виница, Ниротакис да бил вработен и од другата страна на границата, во организиран канал за шверцување мигранти од Авганистан, Пакистан, Нигерија, Тунис, Мароко и Алжир.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)