мој (прид.) - страст (имн.)

Го допрев јас божјиот бескрај, ова заљубено срце ќе ти биде вечно благодарно што му дозволи да ти покаже колку те сака.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Имаше во нашето селско училиште некаква библиотека, па кога учителот ја забележа мојата страст за читање, почна да ми дава книги. Читав, голтав!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не само заради копањето, што признавам, е моја страст, туку и заради тебе, и заради Бојан, и заради Дуковци и заради буките и заради чистиот воздух, за чистите извори, војводо...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стоев настрана и молчев, никој не ми даваше право да речам дека мојата страст се растенијата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Чувствував огромен восхит кон лекарите. Медицината беше мојата страст.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Молчелива сум, тивка сум, смирена. Смирени се сите мои страсти и желби.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мојава душа е пристаниште и само ти можеш да го укотвиш грандиозниот брод на љубовта, мојата страст, нежност и копнеж, моево срце и душа се најинтимното нешто што можам да ти го подарам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)