Се обидов да ја отворам вратата. Но таа беше заклучана и ги издржа сите мои обиди, но џамлакот само од еден удар ми се свлече до нозете.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Јас не можам да прекршувам наредби”, рече Беренц не криејќи ја изненадата од директноста на митрополитот. Владиката не го ни почувствува кафето кое гледаше што побргу да го испие и да замине, зашто во главата имаше уште еден план. Вечерта владиката отиде дома кај градоначалникот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Целата Сина Планина беше послана од моите стада, осумнаесет илјади овци.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Евреите на нашиот остров се грчки државјани. Тие се добри, мирољубиви, работливи луѓе и јас лично, како чистокрвни Закинтјани ги сметам за дел од моето стадо.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И веднаш сфатив дека тоа е единствениот простор низ кој ќе морам да го изведам на слобода моето стадо.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)