Така, тие ќе расудуваат: ако една Канада може да ѝ се лути на Англија затоа што последнава, за да си биде во добри односи со Сев- Американските Соединети Држави, им ги пожртвувала ним интересите на Канада и последнава сега сака да се ослободи од Англија и сама да си ги брани своите државни интереси, зашто подобро си ги разбирала, – тогаш зошто Македонија да не ѝ се лути на Бугарија затоа што таа не може да ги брани македонските интереси, ами само ги експлоатира нив, и зошто Македонија да не рече: Јас пролевав крв од мои синови, нека ги бранат моите интереси тие самите, а не твои Начович, Цоков, Станчев итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Господе, дари ми ваква снаа да биде сопатник на мојот син. И продолжи со размислата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Чувствувај се како дома. Домот на мојот син денес е и твој дом.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Јас сум вечност, ко што е вечен мојот син, одамна повикан од Господа Бога.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Слегнатиот од фреската додаде: Јас сум Аврам, а тоа е мојот син Адам.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Нема мојот син за повисока цена да ја јаде истата ужинка, а потоа да ми вели дека го болело стомачето. Кутрото дете.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Во негов избор и препев се објавени книгите „Се роди човек“ од Р.Рождественски, „Оловното војниче на мојот син“ од Б.Окуџава, „Огледала“ од Е.Винокуров и други.
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Оние што доаѓаа бараа да ја видат неговата одаја, и неговите шејови, а јас им велам дека во одајата има само една преслека од момчето, другите алиштенца се од мојот син Иван.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
ЛЕНА: А сега ве фаќа уплав и при самата помисла дека би можеле да го усмртите и мојот син.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
„Фантастично! Дочекав мојот син да ме информира за виталните проблеми на населбата во која живееме, всушност, пошироко и за градот!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)