мој (прид.) - раскажување (имн.)

Чувствував дека дека не сум им досадна со моите раскажувања и дека внимателно ме слушаат.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На моите раскажувања им веруваше само Чом, мачорот на Стрико Шило.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Преку небото, до тој миг јулски бледо, се навлече облак.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Јас ѝ раскажував за селото на Игбал и за сето тоа што го видов и што го доживеав кога бев со него на килимот, ама таа мислеше дека моето раскажување е дел од нашето измислено патување и на крај памет не ѝ паѓаше дека јас навистина сум била таму.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Иако изгледаше дека воопшто не се сомнева во вистиноста на мојата приказна: - Згоден тој твој Игбал? - ме праша сериозно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Моите текстови, моето раскажување, како да се наоѓаше пред олтарот на храмот на читањето, пред вниманието на мојата читателка Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така, на пример, во прилогот Македонија, објавен во парискиот неделник Телерама број 2672 од 28 март 2001 г. од читателката Моник Деларош од Сен-Рафаел (недалеку од Фрежис), го препознавав несомненото влијание на Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Речиси неверојатно - ивика Кети, прекинувајќи го моето раскажување.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
"Знаев", рече вујко ми Герман, невоздржано прекинувајќи го моето раскажување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)