И кога во еден миг на длабока возбуда на стариот Рацинов дом, по десетина години, се зададоа и ме обзедоа од длабините на моето битие, сеќавањето на тетовската разделба со Рацина и доживувањето на неговата смрт, ги напишав во еден здив, во треската на збиднувањето, стиховите што останаа меѓу моите ракописи половина столетие, до денес.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Одеднаш, од една назначена херметика, речиси без причина, јас излегувам од неа и се расфрлам со теми кои се надвор од концептот, кои ја назначуваат хетерогеноста и како да го разнишуваат хомогенитетот на овој мој ракопис.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И он ми вика, нема везе, другарка ти нешто измишља, не е мојот ракопис. И ја му викам...
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Дека за да се создаде семејство на почетокот требаат две личности.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Во телефонскиот разговор тој направи куса рецензија на мојот ракопис.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Планот за мојата сага по напишаните Татковите книги, Времето на козите, Атеистички музеј, Балканскиот клуч и преведени на француски јазик, ги опфаќаше и веќе објавената книга на македонски јазик Патот на јагулите, па другите кои беа во тек на пишување романите Тврдина од пепел, Ервехе книга за една мајка, па Љубовта на Генералот, Мајчин јазик и Времето на јаничарите...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во почетокот на мај по петнаесет деноноќија пишување беше завршена првата верзија од мојот ракопис Атеистички музеј.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Очекував да ме прашува и за судбината на мојот ракопис, фантомски започнат во Арл, потоа во 1997 година довршен во Париз, објавен во Македонија истата година, а во 1999 година да биде објавен на француски јазик од парискиот издавач Фајар, како и на турски јазик, заедно со Татковите книги и Времето на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Само човек и преведувач каков што беше Патрик Крисман можеше да го пренесе Балканот во Европа, преку мојот ракопис.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тој добро го познава мојот ракопис, па на средината од празниот лист ги напишав следниве зборови: ’Un dessein si funeste, S’il n’est digne d'Atrée10, est digne de Thyeste.’11 Нив ќе ги најдете во ’Атреј’ од Кребијон12.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Беше комплицирано да си ги одредам границите на фикцијата во мојот ракопис Татковите книги.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка беше вистинската хероина на мојот ракопис поради која вредеше да се продолжи да се пишува, да се трага по сеќавањето, со сета имагинација, со имагинацијата на целото семејство...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)