мој (прид.) - проблем (имн.)

- Не сакав, тетичке, повторно да те вовлекувам во решавањето на моите проблеми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Во тоа е мојот проблем; во тоа дека сето тоа е вистина, а не филм - велам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ништо друго не ми е поважно зашто во зборот воомјазија е содржан клучот на мојот проблем.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ана Дамевска Во твоја интерпретација .... сѐ е некако полесно.... треба некогаш да ми ги раскажеш моите проблеми :-)))
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Целиот свет се свртел против мене и сите се занимаваат со моите проблеми! А проблеми имам еден куп.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Гајле им е ним, нивните родители не пушат, нивните баби и дедовци не се подетинети, па не знаат како ми е мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тие ме ислушаа и не покажаа никаква заинтересираност за овие мои проблеми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И сите произлегуваат од иста причина: мене никој жив не ме сфаќа и не ме разбира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога ќе дојдеше мојот ред јас да кажам нешто за моите проблеми, за моите чувства, јас за тоа не бев способна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така, глупавата јас конечно сватив кој бил мојот проблем.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Залудно е да трујам некого со моите проблеми.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Она: "Јас сум дојден овде со едиствена намера да учам".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Тоа е оној мој проблем што на сите ни виси над главите”.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она што тогаш го изрече мене ми се допадна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Посебно ми падна в очи онаа негова реченица што ги избриша сите мои сомненија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Маргина 37 141 Младичот: Знам, знам дека тоа е мој проблем!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Улична светилка јасно ја осветлува сцената.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зарем треба да сметам дека сум бил обвинет а таа висока личност интервенирала?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Наутро пијам пиво, напладне ракија, а навечер вино - објасни Борис Стојчев игнорирајќи го, како воопшто и да не го бев спомнал мојот проблем во врска со симидите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- За каква вина станува збор – речиси извикав – освен ако не мислите на вашата конструкција дека ми ги смалува тешкотиите околу моите проблеми божемното заземање на висока личност?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
” Човекот зборуваше релативно фино за изгледот што го имаше, се разбира, се претстави кој е што е, многу учтив беше, сомнително учтив би рекол, ми рече дека сите мои проблеми можат многу лесно да се решат, дека само треба да размислам и да ја прифатам понудата за соработка.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)