мој (прид.) - пријателство (имн.)

Но сигурно со моето заминување во Париз не стивна моето пријателство со Патрик Крисман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И кога во нашата преписка се доближувавме до моето пријателство со големиот француски филозоф Едгар Морен, од балканско сефардско потекло, таа ќе ја изрази својата чувствителност кон сефардската судбина на семејството на Морен, истакнувајќи ја заедничката идентитетна припадност, јас настојував посредно да откријам една од димензиите од нејзиниот еврејски идентитет. & пишував, во едно писмо, дека уште рано, во детството (а тоа го изнесувам и во Времето на козите), кога живеевме во Козар маало на брегот на реката Вардар, често низ Дрвениот мост одевме на другиот брег каде што беше Еврејското маало.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од тој период датира и моето пријателство со него!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Меѓу моите пријателства кои блескаат со трајна светлина од дипломатските години кои ја потврдуваат на личен пример валидноста на формулата на Монтењ беше пријателството со една од легендарните личности на светската дипломатија амбасадорот Лакхдар Брахими, личниот пратеник на генералниот секретар на ООН Перез Де Куељар, потоа на Бутрос Бутрос Гали (негов близок пријател) во пресудната мировна мисија во Либан, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН Кофи Анан во мировните мисии на Организацијата на обединетите нации во критичните времиња во Авганистан, Хаити, Јужна Африка, Либија, Ирак.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тоа е можеби и смислата на дипломатијата и причината за нејзиниот опстанок во епохата на апсолутните комуникации.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да не постоеја моите дипломатски мисии, моите пријателства ширум светот кои можеа да бидат од интерес за малата Република Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И затоа повторно го одложував своето пишување за судбината на Арафат за Палестина, за неговото враќање во Рамалах. Судирите на Фатах со Хамас. Продолжувањето на војната.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Горе постојано се подбиваа со моето пријателство со Ѓорчета.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Моето пријателство со стрико ми Ото почна прилично рано.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сите луѓе мислеа дека своето знаење можел да го „посребри“ – така велеше претходната генерација, но тој не го посребри, наместо тоа ги посребри нервите на своите роднини.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)