мој (прид.) - приказна (имн.)

„Таму бев испитуван повторно и останав на мојата приказна дека јас немам ништо со партизаните туку дека бив само пилот кој се обидува да избега од земјата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Постојат оние места каде мојата приказна едноставно не функционира бидејќи користам животни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Би било добро да го знам почетокот, коренот, темелите кога веќе неможам да го знам крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вешто едрење низ животот со насмевка која сѐ уште ми лебди на усните, полна со немир да го дознаам крајот на мојата приказна, но има уште многу што да се проживее пред да знам каков ќе биде крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За се ќе најдам објаснување, причина и последица, но не и за мојата приказна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не можам ни да го предвидам, во телово и душава ја чувствувам паниката која ме окупира, епицентарот на случувањата се менува со секоја нова бура од натприродни настани.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Уште подоцна, за време на средбите секогаш ми приоаѓаше со реченицата: „Кантор, јас не сум Monty Cantsin, тоа не е мојата приказна”, но во ова повеќе е содржан неговиот бес кон Давид, како и околу целиот метеж околу нашето друштво; но, во последниот број на Нео, Musicmaster во името на Monty Cantsin им упатува поздрави на сите неости.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мојата приказна беше иста со таа библиската: Годината,кога во земјата имало голема суша и глад, Големиот пророк одседнува кај вдовицата, барајќи да му меси погача.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
(...) Вистинската фантастичност не се состои толку во строго прераскажаните околности колку во одекнувањето на отчукувањата, ненадејните удари на срцето нам непознато, поредок што секој момент може да нѐ искористи за некој од своите мозаици, исфрлајќи нѐ од здодевноста, е затоа за да ни турне молив или длето во рацете.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога фантастичното ќе ме пресретне (понекогаш сум и јас посетител и моите приказни се раѓаат од доброто, взаемно воспитување долго дваесетина години) си припомнувам на засекогаш извонредниот Игоов фрагмент: „Секој знае што е едрена точка на некој кораб; точка на пресек, центар таинствен дури и за самиот градител на коработ, во кој се сретнуваат силите распрснати по целите развиени едра.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мојава приказна продолжува на единственото место кое донекаде умееше да отскокнува од правилата на здодевната улица.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој знак, од кој тврдам дека почнува мојата приказна, е патоказ од тврда, жолта и наместа згрбавена ламарина, испишана со кирилични букви: Франкфурт – натпис кој сериозно добро го погледнав додека автобусот кој ме враќаше од Скопје шмукаше бензин на пумпата пред родниот град.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Но, и покрај сѐ, ова е моја приказна за тебе, најмил мој.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ама умееше да ме слуша, додека сите мои приказни ги сместуваше во своите „фајлови“ и ги редеше по датуми за да може да ги препрочитува.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тезга за приказни Сѐ си мислам дека некој од Влада ќе прочита некоја моја приказна и, онака, меѓу редови, ќе разбере колку сакам да изнудувам аплауз на отворена сцена, макар качена на бина каде што свират музичари за свадби во кафеана во елитното Дебар маало.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас морам да ја запаметам смртта на мојата приказна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас немав приказни. Лажев. Последна моја приказна беше ти. И детето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти ја прободе мојата приказна, ја остави да лежи згрчена на дожд.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Многу - исто така сериозно ѝ одговорив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми ужас ја фати од мојата приказна и рече дека ќе побудалела од страв да знаела каде сум и што ми се случува, а татко ми додаде: - Наша грешка е што имаме премногу доверба во нив и не ги контролираме построго.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој, кога сме на состанок, не зборува како што има обичај, дека мајка ми за сѐ е крива и тие негови глупости, туку сосема поинаку. Баш како што треба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Иако изгледаше дека воопшто не се сомнева во вистиноста на мојата приказна: - Згоден тој твој Игбал? - ме праша сериозно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Цело време се поистоветувам со нечиј туѓ живот, но сфаќам дека мојата приказна е само моја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А ти слушна ли како нашиот писател се изрази за мојата приказна?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа го бев спомнал пред Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веднаш сфатив дека размислава на Даскалов веројатно беше поттикната од мојата приказна за возот и тврдењето на Огнена Гулева за татковството на Ѓурчина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Спие - си мисли старецот - како ангел. Којзнае колку слушна од мојата приказна. Ништо, ќе ја повторам утре“.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во првиот момент изгледа за мене беше прифатлив ваквиот совет.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа бил првиот најважен услов што треба да се исполни ако сум посакувал мојата приказна да не ја пречекори вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нацка многу се растажи кога ја слушна мојата приказна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ако си припомниш на некоја од моите приказни за заспивање, некоја што особено многу ти се допаднала, запиши ја и неа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога вечеравме, мајка ми, отако ја ислуша мојата приказна, само се насмевна и праша: - Зарем другарите ти поверуваа?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ќе дојде време вистината на мојата приказна ќе си го каже своето.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ете, јас, кој сум бил тука скоро една година, само на кратко ти ја раскажав мојата приказна, така, како што беше...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А мојата приказна?! Што е со мојата приказна?!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И можеби некогаш ќе се присетите на овие мои приказни.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И. К.: Токму тоа ние се прашуваме толку многу години.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Трифолио: господине Офис, дали ја знаете мојата приказна за златната рипка?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Преку инсталации можам да ги вовлечам гледачите внатре во мојата приказна, да ги приморам при влегувањето во просторот да ги изгубат сите критериуми што ги имале претходно, за да го заробам нивното внимание дури и пред да дојдам до најдобрата точка.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
2. Мојата приказна „Стасав во последен миг, но сепак го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш: - самрачна светлост, неспокоен сјај и јарка нестивната страст која се одразува врз сѐ и во сѐ и сѐ превреднува, како премрежје - сетне, интензивен спој вибрации збрани на едно место налик на грст значења вкрстени во еден единствен збор (о, парадоксално блаженство на хомонимијата - си реков и почувствував дека допираат до тебе моите помисли, надтежнати од профаност занесени по светост изострени од долгото 'рвење меѓу принудата и поривот меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
2. Мојата приказна „Стасав во последен миг, но сепак го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш: - самрачна светлост, неспокоен сјај и јарка нестивната страст која се одразува врз сѐ и во сѐ и сѐ превреднува, како премрежје - сетне, интензивен спој вибрации збрани на едно место налик на грст значења вкрстени во еден единствен збор (о, парадоксално блаженство на хомонимијата - си реков и почувствував дека допираат до тебе моите помисли, надтежнати од профаност занесени по светост изострени од долгото 'рвење меѓу принудата и поривот меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Го употребив планот на музејскиот под во мојата архива, за да ги поставам моите приказни, и личните и официјалните, како еден начин на интеракција со таа историја.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Или пак, како што велат текстовите во нашиот темат, “дом е мојата меморија, мојот компјутер, мојата приказна”?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)