мој (прид.) - приватен (имн.)

Но едно е јасно: со нејзина помош вие се обидовте да допрете до мојата приватност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дури и слепите партии шах, Што ги играм со сонливиот самоповикан господар На мојата приватност, имаат чуден тек Мојот црн Крал на еф 1 му служи за потсмев Речиси постојано го подложува на заканата Дека за час може да го проголта и тоа Без употреба на расипаните заби и Поспаниот јазик.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Однесувањето на Ема ми даваше знаци дека таа е вметнат елемент во мојот сектор, и тоа можев да го прифатам со оглед на карактерот на нашата работа, но не можев да се помирам со претпоставката дека таа прави чекор повеќе и сериозно навлегува во мојата приватност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)