Се разбира дека тоа не е сѐ. Социјализмот во мојата претстава почнува некаде од некои газиени ламби, со право на одвај четири тетратки во годината во гимназиските клупи и со многу транспаренти и пароли против студот; со први куси панталони од излитено вејничко ќебе што ќе ги облечеш одвај на твојата шеснаесетта година за да прошеташ низ полето што сѐ уште потсетуваше како да е „во војнички цокули обуено...“
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Твоето однесување ја измени мојата претстава за тебе што од ден во ден веќе две години се таложеше како сознание од соработката што ја имавме на теренот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Другиот црн човек којшто по мојата претстава се издвои и кој, судејќи по сè, беше уште понезначаен, беше некој кој можел да се види и во нашата приградска уличка.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ами би вил погоден да го игра Гуливер во мојата претстава „Гуливер и Лилипутанците“ - додаде.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)