мој (прид.) - прегратка (имн.)

А јас среќна со погледот сакав да го зграпчам целиот париз во моите прегратки и никако да не го испуштам.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А овој пердув овде два часа сум го носел на грб и во мојата прегратка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Почнуваш да се топиш во мојава прегратка. А секогаш изигруваше незаинтересирана, студена, недопирлива.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Мамо, мамо!“, дотрча моето мило мало и, целото мокро, се фрли во моите прегратки.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Што правиш тоа?“, ме праша, очигледно изненадена од таа игра, од таа неочекувана и за неа непозната нежност после гризењето по целото тело; „Го барам папокот на вселената“, реков; и кога продолжив со таа игра со папокот, таа се смири; престана да ме удира, рацете ѝ тргнаа кон моето лице, ме повлече кон своето лице, кон устата, и веќе следниот миг, според начинот на којшто ме прими и се отвори јас знаев (тоа движење ми беше сосема непознато, како на маж кој не преспал со жена): тоа не беше онаа Луција што доскокна од вратилото во мојата прегратка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Едвај чекам да те видам, да те почувствувам и силно да те стегнам во моите прегратки!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не баш најдобар, ама е во ред.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Да умреше во мојата прегратка. Покрај мене. До мене.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кејтен, другар, сакав да го прегрнам, никогаш да не го испуштам од моите прегратки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)