- И што одлучи, Ѓорѓевице? Ако мислиш дека не ти треба мојата помош, тогаш да си одам.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се прекорував самата себеси што одам на работа, а тебе ти е потребна мојата помош дома.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
И со моја помош, но главно благодарение на тоа што тој рече дека не само што нејзината врска со Германецот не ја одобрува туку него тоа, како брат и борец, уште и го боли.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Живеам во една сказна, а излегов од неа зашто ќе ти треба мојата помош.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Не сфаќам што ми зборуваш. Ќе сфатиш кога ќе дојде време.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Таа веројатно ја загуби надежта дека со моја помош ќе може на сите да им го каже тоа што го чувала длабоко во себе.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
А и самата ми имаше подречено: „Даскалов, Даскалов, нели неизвесноста како и да ја сфатиш останува најблиску до темнината?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Впрочем и не бев сигурен со какви изгледи располагав јас и какви можеа да бидат крајните резултати ако прифатеше Таша да го изведе на виделина со моја помош она што одамна се беше здружило со тишината на неизвесноста.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но часовите минати покрај брат ми во читалната, додека тој гледаше во своите, а јас во моите книги, часовите минати во разговор, ме правеа некако силна, и нејзините зборови сѐ повеќе се одбиваа од мене, тие не влегуваа во мене, не ме колвнуваа во градите, студенилото на нејзиниот поглед не пробиваше во моите зеници.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Кое име ќе ѝ го дадеш?“ „Хајнерле,“ рече. „Куклата е јас,“ и се насмевна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој се заблагодари и со моја помош ја стави раката во ткаенината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога се враќавме дома заедно, мојата мајка уште веднаш ме пречекуваше со прекори, обвинувајќи ме колку многу требало да работат таа и татко во продавницата без мојата помош, или пак објаснувајќи дека на девојките местото им е во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Колку сум грешел! Значи и без моја помош ја имаш допирано по меките места личноста што ја среќаваше во ходникот кога идеше на работа?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)