Сакам да ја преобразам  Лудоста на природата  Избликната како лава  И да изградам куќа  И да варосам одаја  Во која ќе лудува мојот плач  Пред да ви речам  Ближни мои  Пред да си речам:  Тече зеленото  Се разлева хлорофилот  Низ жилите  По месото  Крај коските  На моето  Самување.
               
             
           
            
            
              „Век за самување“
               од Веле Смилевски 
              (2012)