Да појдеш на извор
зад девет младости
и девет премрежја
да се напоиш и внесеш во него
бистер и озарен
да се вратиш при мене
и да ме гледаш
сѐ додека не протечеш дробно
по мојава планина
песу мој!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Слегни на мојата планина завиена во топло крзно сета од здивови на исплашена дивина.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)