Книга на болниот На д-р Ѕвонко Крстевски Низ Големите пости, о Господи, ќе копнееме ти по своите, а јас по моите соништа, ти по твоите, а јас по моите патишта да стигнеме заедно до твоето Воскресение.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тоа ли е мојот пат, Тоа ли е мојоата усмереност, Најсамотната моја осаменост, На која сум и цел и пат Низ предел непознат?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Затоа мене мојот пат до целтта ми изгледа толку далечен и несовладлив, но како да го сфатам тоа?
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А мојот пат е право пред мене. Не во правците во кои ме заведуваат, по ќе оди толпата.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Мојот пат е право пред мене преку сите оние деликатни кривини чие пронаоѓање е клучот за загатката.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Можев чисто да ги обвинам дека ми го загадуваат воздухот во Републиката и со првата сосетка што ќе тргне по мојот пат да основам Балканска заедница во која тие ќе можат да бидат примени.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Чинам се делиме: Твојот пат нагоре мојот пат кон тебе води.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
...затоа овие текстови настанати колку што е можно повеќе во процесот на сопственото ослободување од дистанцата ги чувствувам како разоткривање на мојот пат кон новата проза па ја молам почитуваната редакција да ги прифати како мој предлог во поттикнувачката дискусија што започна да се води на страниците од вашето значајно литерарно гласило... искрено свој, зошто ги сакам кроки цртежите или како да се претрча тревогата од разделбите ...сочноста на зрелиот плод впиена во белината на хотелските соби сокот од нутрината излиен попатно танц фигури во постелината во воздухот допира против вечноста летот на недопуштената цигара кон езерото жарот и водата во неподносливоста куса и жешка средба...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Не се плашев што го следи мојот пат; се плашев што изгубив гаваз кој ќе гледаше во мене идол и се плашев пак од осамност која ме покриваше со плесен.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
... Погледни ме веднаш сенко моја што така немо си седиш и залудно ме следиш Не заборавај сенко, си втора по судбина, после мене А мора, мора да си наследила барем нешто од она што јас вешто некогаш го правев а ветерот го однесе за навек Побарај ме сега види Во мојот дневник Дали јас некогаш те славев и оставив аманет да продолжиш по мојот пат Заборави засекогаш на моите патила Извини за она што некогаш те мамев Врати ми сега, ако не си ми вратила
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Почнав да го изодувам мојот пат низ библиотеката од A до Z откако го скршив зглобот од левата рака носејќи гипс со месеци, така што не само што не можев да свирам пијано со неа, туку не можев ниту да трчам, играм рагби, голф, да возам велосипед.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не се плашев што истргнав една младост од полусон, што ја пратив да го следи мојот пат; се плашев пак од осаменост која ме покриваше со плесен.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На нашиот плач Пено на нежноста Пено на проклетствата Пено на мојот пат На мојот пат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Секогаш кога ќе фрлев понекој вистински силен збор кон сенките испречени на мојот пат тие самите ќе побрзаа да се повлечат или ќе побараа скривница за да го притаат своето злочесто присуство.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)