мој (прид.) - нос (имн.)

- Јас со него борба водев - Ете, тука беше, пред мојот нос, но одеднаш го снема, како в земја да пропадна, како да се претвори во невидлив дух!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Белите лилјани се израснати до висината на мојот нос, и попладне, а особено приквечер, можам да го допрам нивниот слаткаст мирис.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Смоквата во дворот ниту цути, ниту дава плодови.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И во еден миг, наведнувајќи се над мене (јас згрчен бев на подот, како пајак во мрежа), за да ме удри со тупаница по грбот, од под ризата му испадна клуч златен и токму пред мојот нос, на подот падна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луција знаеше без потреба да се фати за косата и со раката да помине низ неа, токму пред мојот нос; знаеше да повлече со палецот замислена линија по својот грб, токму на ‘рбетот, иако за тоа немаше никаква посебна причина; знаеше, исто така, да се налакти во полупрофил, и со моливот да го потпре носето, небаре заинтересирано го слуша предавањето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги гаси цигарите од мојот нос - Срце што крвави ги валка теписите! Погледнува надолу радосен што нема тепих. 60 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
-Ах! ѓубре мало! Ме предизвикуваш?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Чувствувам дека доаѓа...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му ги гледам очите сосем до мојот нос...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Понекогаш, кога ќе се сетев како ме поздравуваше пред да се појави Марта Бернајс, минувајќи со врвот на својот показалец прво по моето чело, па по врвот на мојот нос, па по моите усни, го кревав показалецот нагоре, како да покажувам кон небото, а потоа си минував со него по челото, по врвот на носот, по усните. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога одев да ја посетам Сара, сѐ почесто ја наоѓав во пеперуткарникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)