Јас не би сакал да сум без моите ниви, без овците и козите, воловите и кравата, Не! Подобро ми е да си останам селанец...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Леле, мајко леле, леле, ќе загинев на мојот нива од мојот момци! — се изналелика Адем и како да се присети нешто па им рече на орачите: — Туку, живи вера, ќе молам и ќе колнам едно: да не кажите никому што направи тој пезевенк, a јас него ќе бркам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Нишан
(поделено јас)
Договор е јаболко да не клаваме
во разговорот - кутија отворена:
раздорот, пан-доратот
на мегдан сам ќе дојде
во ситен кас, ненасит
јаболкото е за по дома
уште повнатре
за интимни дела
(пред употребата добро да се одмери)
уште повнатре
во умот без него
-една глава сто ума-
расцеп на личноста, пизма без име
како јас-бол, како разроко јас
поделено јаболко: поделено ти
камен-меѓник (кај и да погледнеш!)
во мојата нива коренот
во твојата плодот
а сенката паѓа на сите страни
на светот, АДАМ.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)