Петок Март Песок во рацете, замижувам стресувајќи ја радоста од копнежот, ги допирам твоите сенки, те гонам, усните ја знаат мојата немоќ, ни бакнежот не може да нè раздели.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Секогаш знаеше да укаже на мојата немоќ, да брцне во неа со прст, но никогаш толку длабоко за да сетиш нешто налик на болка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се чувствував виновен поради мојата немоќ да повлијаам преку малата земја која ја претставував, земјата од која потекнував имаше слична судбина на палестинската, во однос на распарченоста во повеќе земји.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сигурно и за Арафат, во драматичните настани кои се вестеа во неговото парче на Палестина, средбата со мене во Париз беше епизода подложна на брз заборав, кога непосредните интереси не притискаат!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И како за оправдување на мојата немоќ и неукост во себе си велам: тука, драги Џим, секој си има свој крстоносен пат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Себе: мојот однос кон фрагментот; мојата склоност кон фрагментот; мојата немоќ да гледам во целина. Валтер Бењамин зборува за “проституцијата на просторот во хашишот”.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
И сега гледав во оваа Амалија која немаше ништо заедничко со онаа Амалија, немоќта на оваа жена која умираше ме потсетуваше на мојата некогашна немоќ, а јас не сакав, или не можев, во себе да го разбудам ѕверството кое во себе некогаш го имаше таа и со кое ме тераше да тонам сѐ подлабоко и подлабоко, ѕверството со кое – ако го разбудев во себе - навистина ќе бев нејзина ќерка не само по крв, ѕверството кое требаше да ја натера да страда заради сопственото ѕверство, моето ѕверство кое требаше да ужива во нејзиното очајно каење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И се сетив на ноќите на очај од мојата младост, од она време кога мајка со крвничко уживање тураше сол на отворената рана на мојата душа, се сетив дека во тие ноќи копнеев по оваа ноќ, по нејзината последна ноќ – тогаш, десетина иљади ноќи пред оваа ноќ, посакував одмазда, и единствената одмазда можеше да биде во мигот на нејзината најголема немоќ, во нејзината немоќ пред смртта, да ја потсетам на мојата немоќ, на нејзиното ѕверство во моето страдање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)