мој (прид.) - намера (имн.)

Откако Фетхи-беј Окијар дозна за мојата намера да заминам, се обидуваше да ме задржи по секоја цена, додека се смират приликите во Турција, таму да ја продолжам судската кариера, потоа да го повикам и моето семејство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мојата намера е“, вели Burroughs, „да пишувам за времињата на летови во космосот“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мојата мисла и мојата намера беа благородни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас најодговорно тврдам дека моите намери се најчесни и најчисти и можам само да Ви ветам дека доколку ја одобрите мојата молба, јас ќе се грижам за Томаица и моето семејство на најдобар можен начин.“ рече Петар, додека срцето силно му чукаше во градите, а тој со сигурен глас сепак успеа да настапи доста убедливо, гледајќи го цело време газда Таки директно и смело во очите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Секако, потоа ќе заѕвонеше телефонот или искрснеше некоја итна и неодложна работа, која редовно ме спречуваше во моите намери, но за нивна среќа, а можеби и моја, оти инаку не знам што сѐ можеше да се случи со мојата, веќе до влакно, истенчена толеранција...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сакав да ѝ напишам за мојата намера еден ден да пишувам токму на темата на жртвувањето, во план имав таков роман, тоа беше Балканскиот жртвен јарец, но остануваше едно прашање од романот Татковите книги кое таа често го поставуваше, а јас постојано се обидував да ѝ одговорам, во очекување на вистинска можност...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На тој начин , може да се рече, дека навистина располагав со доволно време за да ги средам до последен детаљ сите мои намери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Никако да ја остварам мојата намера!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но до оној завршен чекор, до дефинитивниот редослед на обвинетите, до одлуката за извршување на казната. или како што велат поединци до оној извршен чин и крајна цел втасав при моето последно патување од самицата до собата на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Посакав да ѝ го речам тоа, но нели, пред да сторам било што, требаше да ја замолам да се наведне за да ѝ ја дофрлам мојата намера во увото, но тоа се чинеше незгодно поради испитувачките погледи што го следеа моето однесување, а постоеше и оној личен проблем во моите мисли, што постојано го мотав и размотував, во него беше присутна Катерина; нели, таа секогаш ми идеше на ум иако преку некоја взаемна согласност ние практикувавме необврзувачка меѓусебна припадност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сепак, не ја беше сфатила мојата намера.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стариот писател додека ги изнесуваше незадоволствата од власта настојував да оставам впечаток дека не ги следам осилата на неговата поплака, па оттука и мојата намера да оставам впечаток дека сум упатен на прошетка по полиците со книги.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност бркав само една цел, посакував да ја оттргам од темните размисли кои во ваквите моменти завладуваат со нашиот дух и со чувствата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност бев помислил и дека не сум го рекол тоа; едноставно верував дека таа помисла избликнала кришум од мојата намера.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Оф, – свика Грофот и потскокна од столот - очекуваш благото да те заслади а горчливото те снашло!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да не кријам, се почувствував дури и поттикнат токму на нив да им речам нешто, па и да ги охрабрам, но помислата дека оваа моја намера нема да биде сфатена најсоответно ме поколеба и јас ги забрзав чекорите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)