мој (прид.) - накривнува (имн.)

Последното утро во Венеција, откако Ана и Зигмунд тргнаа по градот, мојата желба уште еднаш да ги видам двете слики со Богородица и Исус беше посилна од моето накривнување, и јас излегов од хотелот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тргнав кон плоштадот, и во една од уличките ме пресретна толпа луѓе – такви толпи често ѕиркав низ прозорецот на нашиот стан во Виена во годините кои следеа, но оваа толпа не беше составена од униформирани луѓе, туку од маскирани: беше време на венецискиот карневал, и секакви суштества протрчуваа сега крај мене – принцези и питачи, владетели и робови, луѓе-риби и луѓе-птици.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)