мој (прид.) - младост (имн.)

На што ли ќе личат кога ќе се појават на чистинката низ која води изгазена јасна патека?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми личат на чуденки кои заскитале по патеки што водат низ ормани, честари, гори!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и сознанијата до кои божем доаѓам не поминуваат без многу прашалници.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ние самите сме ковачи на својата судбина". (Ова е онаа втора порака, што ми се насмевнува од темнината...) Знам, ќе си заминам и тоа речиси пеш од таа изодена приказна на мојата младост, а малку понесов како утеха и како искуство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И сега гледав во оваа Амалија која немаше ништо заедничко со онаа Амалија, немоќта на оваа жена која умираше ме потсетуваше на мојата некогашна немоќ, а јас не сакав, или не можев, во себе да го разбудам ѕверството кое во себе некогаш го имаше таа и со кое ме тераше да тонам сѐ подлабоко и подлабоко, ѕверството со кое – ако го разбудев во себе - навистина ќе бев нејзина ќерка не само по крв, ѕверството кое требаше да ја натера да страда заради сопственото ѕверство, моето ѕверство кое требаше да ужива во нејзиното очајно каење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И се сетив на ноќите на очај од мојата младост, од она време кога мајка со крвничко уживање тураше сол на отворената рана на мојата душа, се сетив дека во тие ноќи копнеев по оваа ноќ, по нејзината последна ноќ – тогаш, десетина иљади ноќи пред оваа ноќ, посакував одмазда, и единствената одмазда можеше да биде во мигот на нејзината најголема немоќ, во нејзината немоќ пред смртта, да ја потсетам на мојата немоќ, на нејзиното ѕверство во моето страдање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На почетокот од септември десната нога на мајка ја зафати гангрена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во нејзината беспомошност ја препознавав беспомошноста на моето детство и мојата младост, и секој мој непријателски збор или постапка кон тоа суштество кое бавно умираше немаше да биде одмазда, туку изживување врз себе, врз мојот спомен за девојчето, за девојката и за младата жена која бев некогаш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со почетокот на пролетта дојде и почетокот на мојата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ја чув, оглувнував, поточно првпат некој подбивен ѓавол ми ги стискаше ушите со шепи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И им го раскажал крајот на настаните од времето на Проказниковата дружина: ако преживее, ќе испече брав и ќе ја прослави победата, потоа ќе седне во манастирска ќелија и, одржувајќи го животот со танко, селско винце, ќе ја доиспише историјата од онаа илјада осумстотини триесет и петта година: како со децении да собирал искинати и расфрлени парчиња од писмо, некако сепак го дознал крајот на настанот по смртта на Лозан Перуника што се простил од писмениот човек во мантија во времето на Балканските војни ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак ми се стори дека се подбива со првиот ден на мојата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад неа стоеше девојката на мојата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тешко говорам, оче Доситеј. Пред неколку дни, погледни, во устава ми жугнаа нови заби и почна моето второ детство како некогаш, кога имав шеснаесет години, што почна староста на мојата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак слушав: Кога дете ќе ми плаче ќе ми плаче за лелјане полегни го врз стреине ќе повеам тиок ветар ќе залејлам машко дете...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се покајав кога налетав на Арсо Арнаутче. Смерно застана пред мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој Серјожа беше најголемиот кошмар на мојата младост.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Глупости! - ми одговори татко ми, - Серјожа Зелцер не е постар од тебе, а веќе работи!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Да. Мажена сум. Живеам во прекрасен брак со љубовта од мојата младост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Овде почива дел од мојата младост, од моето време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се обиде да направи набожно лице како поп. „Ненародните режими ја упропастија мојата младост. Пендреци, кундаци, монархија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На крајот ќе се разделат, пред да ги совлада смртта во окупирана Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да бев наследил дел од балканската историја со која Татко не можеше да излезе на крај и ми ја оставаше на разрешување, во мојата младост, сѐ до доцните години на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше тоа подвижниот ум на земјата, со која вешто раководеше новиот владетел!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со нив како да бев повторно во стариот Тунис, во Картагина на мојата младост.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Времето на блиското пријателство меѓу Арафат и Дарвиш, кога ќе ги обединува истиот идеал - слободата на Палестина, според прагаматичната стратегија на семоќниот и авторитетен водач и идеалите на Махмуд Дарвиш, се совпаѓаше со времето од крајот на мојата младост и некогашните идеали - храбра понесеност, верување во универзална правда и хуманост, но и со доверената мисија, како највисок преставник на една голема држава на Балканот, обединета од своите национал-етнички сегменти, кои никогаш нема да се артикулираат во федеративна држава-нација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во мојот живот ја наследив и јас близината на локалните раководители на јужната Народна Република Македонија, потоа на другите владетели како Тито, па подоцна во моите дипломатски години покрај Бургиба и Јасер Арафат, Франсоа Митеран, Марио Суареш, Хуан Карлос Втори II, во чија близина ќе се најдам од 1984 до 2000-та.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ваквото чувствување и ваквиот поетески пристап во дамнешните стихови својот корен, како што истакнав веќе, го имаа во мојата младост, при мојата прва средба со Рацин и сеќавањето на неа.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Тие, задржани во првичниот, автентичен облик, со сосема мали, најнужни интервенции во по некоја песна, се стихови на мојата младост, како спонтан израз, згустен, на доживената болка, на помнењето на средбата со мртвиот Рацин и на првата возбуда од средбата со неговите стихови.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
БАРБОШИН: Во вас ја гледам мојата младост.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А мојата младост, горо сестро, Нема да се вратииии...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Појот паѓа како да се губи во некоја глува шума и наскоро, чиниш од далеку, испрекинато, нескладно, длабоко, осамено, преполнето со солзи и пејовито се премотува непремолчано, се прекршува, се пренесува и пронижува преоѓа во тажновито, молбено и осамено битисување: Твојте лисја, горо сестро, Пак ќе ти се вра-а-а-тат, А мојата младост, горо, Нема да се вра-а-а-ти-и-и...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Твојте лисја, горо ле, сестро, Пак ќе раззеленат, Мојта младост, горо ле, сестро, Нема да се врати.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Жали горо, жали сестро, Двајца да жалиме, Ти за твоите лисја, горо, Јас за мојта младост.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
У них беше написани моите зли грешнии зборови и речи гнасни на шака и на маскара, што бех чинила у моја младост, и смех што бех чинила да се смејат другии.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Оваа вера ми беше пренесена уште во раното детство, а потоа во тој дух го минав адолесцентниот период и мојата младост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Што ме натера на оваа помисла?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)