Потоа треба да се измијам и да каснам. Канчето за чај ми е здраво, филџанот, колку и да го миеш, го има мојот мирис.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тој внатрешен океан го има мојот мирис, и звуците, градовите, годините што лебдеат низ него, обоени со познатото – еве ја сега мајка ми, нејзиниот стакато неизменично весел и строг, проследен со првата детска песничка што ја научив на пијаното.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)