мој (прид.) - место (имн.)

„Да“, је вела' ја, сѐ то е млогу уб'о, је вела’“. „Ама да беше ти на мое место, ќе го напраеше истото што го напраив ја.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако престане ова, ќе престане да постои и моето место и улога на Балканот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не можев да видам од моето место како потоа ја загризува сливата и како му се освежува сувата уста и киселавоста му се шири по жилите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Одбрав да се копа на моја земја, на мое место, тука над куќата, во некогашното мало лозјенце, но објавив дека ќе биде тоа сечиј бунар, дар за Маказар во најсушната година, вода за луѓето сега и за поколенијата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И со бес, предизвикан од тоа дека не се на моето место.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Моето место во неговиот живот е отаде првата влезна врата, јас сум му за пред светот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„А зошто ја направи тука?“ „Затоа што тука ми е мое место, останато од дедо, прадедо”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На мое место да беше друг ќе помислеше дека е тоа сениште, та или ќе побегнеше или ќе му ја залепеше секирата на тилот. Јас не.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Кој ќе дојде на мое место?“ - прашува запрепастено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Мојот заменик? Смерниот Хаим Хабиб? Албала? Па Албала само умее да говори германски...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не престануваше да инсистира да си одат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ова е мое место, Гита, не можам да го напуштам”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Татко ми, како и друг пат, има обичај да рече Оди поседи на моето место, имам троа работа! и јас послушно одам.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не можев да ги разберам крајните намери на Сојузниот, но јас си бев начисто каде може да биде моето место.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И вие да сте на мое место - така ќе постапевте: не можам мајка ми да ја оставам сама да ја носат в логор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И ние отидовме. Луѓето седнати в театар. Таа седна на моето место, јас – на Васковото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гледам, пауза. А таа шетка на паузата. – Добровечер – велам. – Добровечер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)