мој (прид.) - леб (имн.)

На зелените ѕидови од небото ги барам капките на водениот поров Низ раце ги испуштив патиштата за студеното време на ембрионот Пена во сонцето се скри со заборавени стаклени стрели што не можев ни да ги чујам ни да ги видам Го горам мојот леб единствената разумна нишка како Јаписов син како дива мисла со листот и бестелесниот предел што знае да биде пуст и суров.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Преноќете тука, кршете го мојот леб И пијте го моето вино, рече жена, нешто кога ја прашавме.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А и зашто? Самата полиција ќе речеше дека бесправно сум се понел спрема една девојка што е регистрирана и која има право да го вади својот леб токму така како што го вади. И мојот леб, месје.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оти? Зар мојот леб не ве бендисуа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)