Стариот циник и среќно оженет женомразец Џорџ Бернард Шо (Georg Bernard Shaw) секојдневно се допишувал (и тоа со години!) со убавата госпоѓа Патрик Кембел (Patrick Cambell), една од најголемите актерки на своето време; дури и се карал со неа (во епистоларна форма!) за различни работи, главно за постановките на неговите пиеси, но речиси никогаш не се гледале, иако дури и живееле во близина; од нивните писма (стотици, можеби и илјадници на број!) подоцна е составена прочуената епистоларна комедија со луциден наслов Драг мој лажго, позајмен од едно од нејзините врцкави писма...
               
             
           
            
            
              „Потрага по Елен Лејбовиц“
               од Луан Старова 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Те нема дури ни формално: доколку внимателно ги препрочиташ сите 64 нејзини писма, коишто (впрочем!) го претставуваат најдобриот и најинтересен дел од Твојот епистоларен роман, лесно ќе забележиш дека Елен Лејбовиц Тебе секогаш Ти се обраќа со неутрална формулација Господине, а безмалку во секое обраќање нагласува дека информациите (за Тебе и за Твоите книжевни и други планови) воопшто не ја интересираат.
               
             
           
            
            
              „Потрага по Елен Лејбовиц“
               од Луан Старова 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Не смеам, најпосле, да ја испуштам од оваа листа и маратонската седумнаесетгодишна кореспонденција помеѓу Оноре де Балзак (Honore de Balzac) и убавата полска грофица Евелина Ханска (Ewelina Hanska), која, по неколкуте негови безуспешни обиди да ја ожени, решила да стане госпоѓа де Балзак дури четири месеци пред смртта на славниот писател; најискрено: откако пред многу години прочитав само дел од писмата што Балзак $ ги испраќал на госпоѓа Ханска (и тоа во енормни количества), затрупувајќи ја со информации за луѓето со кои се гледал, за својата облека, за долговите што треба да ги плати и (одвреме-навреме) за книгите што ги пишува...  не можам да ѝ се изначудам на кутрата жена!  ***
               
             
           
            
            
              „Потрага по Елен Лејбовиц“
               од Луан Старова 
              (2008)