мој (прид.) - коњ (имн.)

- Поправете ја телефонската линија, а ти земи го мојот коњ - нареди Кикицас - и трчај наврат-наноц и пренеси му на командантот на 103 бригада веднаш да испрати еден баталјон на помош, да и го пресече патот на колоната камиони и да ја уништи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зошто не му го дадеш коњот, да не оди пеш?, велам јас. Ех, зар Методија да го јава мојот коњ!, вели.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Трча коњот мојот коњ Оној узда што му држи главата му во облаци.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ѕверовите губат здив кога кришум ќе се здаде од модрите длабочини А кога ќе извисне и кога ќе зататни во грлото запенува вруток бел Божилакот стои нем под кој еднаш сал помина секавица престорен Трча коњот мојот коњ Патот му го брои времето на зелен часовник Понекогаш кришум идам да го видам јавачот дали седи во сенките или шета по времето А тој - уздата ја држи главата му во облаци.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Фармерот погледна во устата на коњот. – Заб за заб, – рече тој. – Би се заколнал дека тоа е мојот коњ. да не ги познавам вашите родители.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сепак, коњот е близнак на мојот коњ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Збогум, мои млади пријатели. – Збогум.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Следното утро уште рано го одведовме коњот во лозјето на Џон Биро и го оставивме во шталата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)