мој (прид.) - колено (имн.)

Знам дека свеската ме чека со раката над моето колено ама сега не ме интересираше: работата не е во тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Спроти недела на моите колена кога ноќева Нејзините ѓерданчиња од црни и жолти пеги на вратот - Како љубопис спроти жетва што го пишувале пеперутки Нејзиниот глас – потих од нејзината сенка во зорите, Нејзиниот од – потаинствен од прошетката на светлината Низ земните длабочини до плодовите Дури ножева таа На моите колена Незнаен ковач жар на дланката ми носи Да запалам цигара.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Осетив дека, обидувајќи се да ми објасни како да постапувам најдобро со јадицата, Симон се доближи до мене и се допре со неговата нога до моето колено.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Еве, иако и натаму си ја задржува удобната положба врз моето колено, тој прекорно ме погледнува низ полуотворените очи.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Оваа Лидија што е голема до моево колено и што има очи како џамлии.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Една Лидија што е голема до моево колено и што има очи како џамлии. (Само не брзајте, ќе ја запознаете и ќе ви се здодее од неа.)
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Понекогаш, седејќи во аголот од собата, потпрена со грбот на ѕидот, заспивав загледана во ликот на Рајнер положен на моите колена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од едно од тие сонувања ме разбуди остриот глас на мајка ми, која предвреме се беше вратила од татковата продавница: „Кое е ова глупаво лице?!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Броел како ти сине кога беше олкав, до под моите колена.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)