мој (прид.) - иследник (имн.)

Знаев дека станува збор за прекар. Но од каде? Зошто?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Знаете, јас ќе ви раскажам сè што знам – реков – спремен сум дури и своите сомненија да ви ги презентирам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Токму ваквата свест за состојбите ме беше поттикнала, при едната од визитите отворено да му изјавам на мојот иследник дека сум спремен да соработувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби тоа ме охрабри да продолжам да објаснувам дека поединецот, па и во случаевите кога е преставник на високите органи за заштита на државата, има моменти кога едноставно не сака а можеби и не е во ситуација себеси да се смета само за механички дел од целината која мора да настапува само тимски за да ги оствари заедничките интереси.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Молчев неколку моменти. Молчеше и мојот иследник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Забележав дека и денес, веројатно без да сум свесен за тоа, повторно ми шета низ размислите оној необичен збор Грофот што се наоѓа придодаден кон името на мојот иследник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)