мој (прид.) - изненадување (имн.)

Влегов и во црквата, која беше празна и, на мое изненадување, во неа не видов ниту икони, ниту пак од оние олтари, што сме свикнале да ги гледаме во црквите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Моето изненадување не беше мало, кога се сретнав со огромното горило, кое имаше два човечки раста, а глава голема колку шиник.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ беше силуетно, сѐ задимено, се локаше пиво и жесток алкохол, но на мое изненадување и овде сендвичите беа без салата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- А сега, сакам да ви ги откријам моите изненадувања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потоа, следи моето изненадување кое ќе трае три дена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Е, ова пријателе, е моето изненадување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Е, тоа е моето изненадување. - Па колкав ти е имотот? - праша Снеже.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Е, сега со кафето ќе ви ја раскажам приказната. Тоа ќе биде моето изненадување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поточно крајот нека биде моето изненадување за денес.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Драги мои дами, она место таму долу ќе биде моето изненадување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Х.Х. го забележа моето изненадување. Веруваше дека целта ја постигнал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Големо беше моето изненадување кога еден млад албански новинар, Алтин Раџими, неколку години по падот на диктатурата во Албанија, ги беше прочитал моите објавени романи на француски јазик, но своето внимание, на мое големо изненадување, посебно го беше запрел на Атеистичкиот музеј, посебно на сцената од атеистичкиот музеј во Скадар, односно на експонатот за душата, кога водачот Х.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имам впечаток дека таа го забележа моето изненадување и побрза да објасни дека не изградиле куќа затоа што местото не е нивно и сама се прашува – како да градиш куѓа на не свое место?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Изгледа таа го забележа моето изненадување и рече: - Ние сме просфиги...9 – и почна да нѐ води по патиштата што од Турција до Ревани, сега Дипотамија, пропешачија нејзините родители со двете ќерки и четирите синови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)