мој (прид.) - изненада (имн.)

* Седам во тремот додека врне дождот а чинам дека тече по мене по моите вршки и лисја по моите гранки по стеблата по корењата по моите мравки тече по мојата шума по мојата земја по мојата мисла тече по мојата изненада закопана во брчките го брише мојот уплав мојот страв мојата осаменост во бесоницата во трептеж во напуштеност врви по дамарите мои се вовлечува во моите очи дождот што ме буди што крепи што плоди и јас станав извор што ѕвони цвет што се шири плод што се дрочи додека живеам и растам во оваа стара шума на моето постоење во вишнава гора во шумниве лисја.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
За среќа навреме се сепнав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Анѓелот што вчера наврати кај мене неочекувано ја дофати мојата изненада и ја фрли далеку, многу далеку, како топка како детска играчка.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Вели: „За малку и да ѝ подречам нешто на Анастасија па мојата изненада сосема да излезе на виделина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)