мој (прид.) - излагање (имн.)

На пример, кога една комерцијална организација отвора нова гранка во некој друг град, таа праќа таму свои луѓе за да го одржат континуитетот, во однос на неформалните како и на формалните правила и рутини, кои на тој начин се реплицираат и организацијата го “раѓа” својот потомок. (...) Така, во согласност со двете линии на моето излагање - само-организацијата на експресивните знаци и еволуцијата на институциите преку рутини и репликација на правилата, може да се изведе заклучокот дека нашите домови им се слични на териториите на птиците - многу повеќе отколку во метафорична смисла. (...) Она што може да се заклучи на крајот, е дека еден ист процес (или поточно различни процеси во кои е вградена иста апстрактна машина) е тој што резултира во ентитети толку различни како што се човечките хиерархии, телата на животинските видови, дури и карпите - сите тие се структури во кои се обединети хомогени елементи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Во моето излагање без дозвола се вмешува непознат човек со службен тон на говорот, кој седи наспроти мене, во скапа, кожена фотеља, со видливо одважен став, божем јас несмасно одговарам т.е раскажувам вистинска случка од мојот вистински живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Изгледа ти и не си сакал да помислиш дека Денко Самоников најмалку живее овде и сега - паметам дека го завршив моето излагање- Тој изгледа одамна беше зачекорил во она друго време, во кое се наоѓа сега.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во тоа ја гледам разликата помеѓу тебе и Жолтко - му реков на Б.С. со некоја чудна сигурност иако не ги познавав ни него ни Жолтко подолго од една ноќ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)