мој (прид.) - збогување (имн.)

Попладнето го минав чекорејќи по собите; влегував од соба в соба: тоа беше моето збогување со домот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во исто време моите сестри ги гледаа албумите со стари фотографии – се смееја на облеките што ги носевме половина век пред тоа, на сериозните лица, на згрчените тела во мигот на фотографирањето, и одвреме навреме слушав по некоја воздишка, сигурно за некој од починатите од фотографираните, веројатно најмногу за децата на Роза и Марие.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)