мој (прид.) - зачуденост (имн.)

Ми олесна кога ги видов овие две познати книги кои ми беа блиски и по мојата иницијална и постојана професија како професор по француска книжевност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А она, што можеше да се нарече шлаг на таа зачуденост и изненаденост беше и објаснувањето дека кога сум го рекол она за стапицата всушност сум мислел на гласот на Катерина; на претрчувањето на Јана; како и на средбата со божемната тетка Боса.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но мојата зачуденост сепак не втаса до неа. Таа не си замина туку едноставно исчезна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да, токму така се изразив. И самиот не бев сигурен кому му ја испраќам и со каква цел оваа моја зачуденост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Влавот, изгледа, ја забележа мојата зачуденост и побрза да објасни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лакхдар ја забележа мојата зачуденост и ми рече: Јас, знаете, живеам во Ла Марса (резиденцијален кварт близу Картагина) во куќата во која некогаш живеел Андре Жид.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)