мој (прид.) - домаќинка (имн.)

Ја фатив мојата домаќинка за рака, влеговме во водата и, држејќи се за ортомата, ја преминавме реката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Татко ми ќе пресвисне од болка, а пак жена ми, мојата домаќинка, бидејќи нејќе да се турчи, ќе остане сама за нигде никаде, вели пашо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не беше вака, ти мајко и ти Недо, моја домаќинке?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)