мој (прид.) - домаќин (имн.)

При прва помисла сакав да коментирам дека ништо не сум напишал што и да било по сталини­стички вкус, близок и прифатлив на моите домаќини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Додека тоа им го рсправав на моите домаќини, собата наеднаш се исполни со убавата македонска мелодија „Билјана платно белеше“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А децата? Тие, моите домаќини, имаа два синови и ќерка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како да ја заборавам грозоморијата што сум ја гледала на Беласица, барајќи го Трајана, мојот домаќин?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Водев неврзан разговор со моите домаќини и со гостинката.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)