О, не, некој ги врши хигиенските потреби во моето ВЦ во незгоден момент!?!
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
-По неполна година: бебешки плач го раскина моето грло...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
- Стави ја раката врз челово, моли тој и излечи ми ја оваа брчка што се свила околу моето грло и не ми дава да плачам.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Кога се отвори пердето, за момент во чудо ме погледна, се сврте кон неговиот другар и воедно негов колега, и ми рече: „Отворете уста“, а мене ми беше јасно дека, ако јас сум шерет, тој е барем 10 пати пошерет од мене затоа што едно тенко црево со камерче кое го извлече од една лигава вода во кофа, која толку многу ме потсетуваше на тенџерето на мајка ми (спомен од Соко Бања, со точки), заврши во моето грло и надолу, сѐ до желудникот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Маѓосан од непревиденото откритие, со сува уста и суво срце, додека мажлецот во моето грло бабреше и ми го запираше здивот (сеедно, сега живеев само со очите), помамно го отсликував во секое свое делче ликот на жената или толкупати ја намножував колку што може да има клетки еден обичен човечки мозок.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Гласно рече: „Оче Симеоне, жеден сум. Животот гори во моето грло.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Луѓето џвакаа и зачудено го гледаа. Нивните големи залаци предизвикуваа болка во моето грло.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чувствував оган на срам под кожата на лицето: во моето грло како да стружеше црцорец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Болен си“, бездруго рече домаќинката. „Зошто стануваш?“ Прашав дали сум во Лесново.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Сторивме грев, синковци господови и мои“, прослови. „Едни умираат, други на умрениот му го лапаат ајванчето.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога навечер легнував на креветот, припивајќи се до ѕидот, целото мое тело трепереше од страв и тага; заспивајќи, се борев за воздух, за вдишување и издишување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тие нејзини зборови ги слушав и кога не ми ги кажуваше; се вртев во затворениот круг опишан со „Ќе беше подобро да не те родев,“ сакав да се ослободам од тој круг и наутро посакував да влезам во кујната, како некогаш, кога мојата мајка ми подаваше врел компир, а јас седнував во аголот од собата, гледајќи ја како работи, и имаше многу такви утра во кои се надевав дека ќе можам пак така да влезам, и ќе ја прашам со што да ја искупам својата вина; во мене нешто можеби се надеваше дека мајка ми ќе ме пречека со оној некогашен поглед, и пак ќе бидеме блиски како некогаш; влегував во кујната но сега ме пресекуваше студенилото на нејзиниот поглед, грубоста на нејзините зборови, начинот на кој го заобиколуваше моето тело движејќи се низ просторијата, па прашањето застануваше во моето грло, остануваше таму и тогаш, и потоа; сакав да го повратам, да го исфрлам како што се исфрла расипано јадење, а тоа остануваше таму, како изгниена храна, но залепено за мене, одбивајќи да ме напушти, и јас го носев секаде со себе, како знак за ужасна вина која не си го знае злосторот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Еве: ти прибери го едното, телото, јас ќе ги приберам останатите девет невидливи нешта се на моја страна: -Заповед од мојата чесна уста, -слава од мојот ум обновуван, -почест од мојата радост непоматена, -сила од моето срце широко, -почит од луѓето, кои се мои потпирачи, -верба од мојата душа умножена, -успех од мојот корен ијладажилест, -акција од мојата крв зовриена -песна од моето грло пуштено.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тргнале по вистината, и ете, сакаат да поминат и преку моето грло, помислив.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)