мој (прид.) - грев (имн.)

Значи, мојот грев бил двоен. Затоа ли сум казнета денес, та наместо еден морам да влечам два крста кон голготата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја сносам заради некој мој грев.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И сега се прашувам: дали згрешив? Ако згрешив, на кој свет и век јас ќе ги доплатам моите гревови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не сум изгубил ниедна војна, не сум изгаснал ниеден оган, не сум простил ниеден грев, сеедно што за семе на моите гревови ме сметаат мене.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Знаев дека ќе бидеш мој грев.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
- Ма, каква прошка, каде е мојот грев? Та ниту бев гола! Ниту во нечија прегратка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ете, накусо, на ова се сведува приказната за мојот грев што од страна на таканаречениот Народниот суд, по ослободувањето и создавањето на нашата држава, беше окфалификуван како предавство…
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јас, Атила, снизок и со голема глава, со ситни очи, со ретка брада и со сплескан нос, не знам ни да читам ни да пишувам, но војните, ограбувањето и огнот - многу ги сакам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)