мој (прид.) - град (имн.)

- Детроит е мој град! - рече на англиски, а потоа се обиде и на грчки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако тогаш бев носталгична за родителскиот дом, за мојот град сега почувствував носталгија за моите осумнаесет години.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Измешани чувства. Невидена радост и неверување дека тој ќе биде во мојот град, но и помалку горчина во душата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
13 Влегов дома во станот во мојот град на Истокот, со болки во рацете од тежината на торбите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Значи, мојот град плачеше, солзи ронеше заедно со мојата тага за пустошот кој настанал со текот на годините.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во мојот град сè што беше постаро од дваесетгодини беше отидено во странство или веќе запловено во сериозни врски.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
15 Немаше многу што да се прави во мојот град. Голема среќа што беше дојдена една од другарките, која инаку студираше во Соседството.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во главата повторно ми свиреше онаа од Тони „Скопје е мој град, а јас сум негов...
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Го вклучувам компјутерот и играм “SIM-City”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Играта ја достигнува својата кулминација кога едно џиновско чудовиште го 81 напаѓа мојот град.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Просто нема ден да раздени, а по улиците на мојот град или во градот во кој се наоѓам, да не сретнам луѓе без календар за годините што поминале.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Луда сум по егзотичните нешта – благо се насмевна таа.. – За среќа, во мојот град постои продавница за јужно овошје. И секогаш е свежо.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Млазот личеше на мраморни коцки, складно поредени една крај друга. се обидов во секоја коцка да замислам по еден лик на многуте луѓе од мојот град, но не завршив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)