мој (прид.) - волја (имн.)

Влезен по моја волја во апсурдната игра на враќањето во родната земја по долгиот емигрантски егзил, тешко гледав излез, без да се изневерам себе си...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но тие како да решиле да постапуваат спротивно од мојата волја.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зар ќе овене сарделата и, во исто време, со истото темпо, во истите дни, минути и часови, ќе се угаси и сè околу мене - љубовта на Агна, онаа сопствена мерка на живот, мојата волја и мојата иднина?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потемно розе, и посветло розе, вино и жито во облакот што ја шири душата и се истура во самофалба и топлина. Розето ја сврзало мојата волја со слободата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој ја вежба својата говорна вештина. Тоа го прави свесно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А јас, не сакајќи, на глас ги соопштувам работите што ме мачат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека ја сфаќате разликата помеѓу она што го прави тој и она што мене ми се случува и тоа не по моја волја.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А мојата волја го игнорира ова случајно поврзување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кој е тој роден од жена што се спротивил на мојата волја? – и стана од престолот на нозе. – Читај да видиме што пишува тој наш верен слуга?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мојата волја, бидејќи се пренесува на другиот, станува тајна за самата себе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не е злато она што го барам, а ако златото ти е важно, никогаш нема да ми бидеш ученик. – Златото не ми е важно –одговори другиот. – Златнициве се само дел од мојата волја за работа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секој твој чекор ќе биде целта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ах, не“, викна тој. „Тоа што работам јас е моја волја“!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)