Мојот вујко ме претстави: Ова е мојот внук.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Само Египет умееше да остане со отворени очи и во смртта.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Го допирам цвеќенцето на реверот на мојот внук, го земам тој цвет и се мачам да запишам нешто со него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ова е мојата внука од Македонија, или поточно од Куманово.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А моите внуци, еден господ знае што стока ќе бидат. Ама нека е аирлија…
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Другари се нешта кои можеби му се случуваат на мојот внук, роднините ги среќавам само на свадби и погреби (ги избегнувам и едните и другите), а тебе, тебе би можело да те избегнува само моето бесчувствително минато.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
„Со вашиот пример на почит ќе им покажете на вашите деца, а мои внучиња, точно 13 на број, што е вера во Бога, зашто тој ве подари на мене и тој ми помогна да ве изгледам“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Доника, нашата баба од која Татјана ја наследи бојата на очите и уште некои црти на лицето кои кога порасна добија друга димензија, беше најхрабрата жена во семејството на Кривошееви.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тогаш го најдовме и плишаното зајче што чичко ми Трајко (средниот брат на татко ни) ми го купи кога бев мала, со кое играа и Димитар (синот на Татјана, мојот внук) и Филип (внукот на Татјана и братучедот на Димитар).
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Шетам по овој предел со моите внуци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Со цел да најдам роденденски подарок на една од моите внуки, студент, штотуку бев решила да и ја подарам книгата Времето на козите, а јас веќе бев нурната во читањето на вашиот роман Атеистички музеј.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
А што се однесува до идејата Приказни за моите внуци, не треба да ја користиш само за плач пред ѕидот на судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ја виде дедо ми и рече: - Ако биде риболовот побогат, топкава ќе ја купам за моето внуче.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Вујна Клементина ќе почувствува дека ѝ беше дојден редот да си го каже своето: „Мојата внука Ервехе ја загуби мајка си на раѓање.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)