мој (прид.) - видува (имн.)

Воопшто не се грижеше што стоев покрај него по наредба, а не по мое видување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таквиот простор, таквата игра, можеби зависи од присутноста на голем број на богови, но во никој случај, според моите видувања, не зависи од бројот на луѓето.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сигурно е дека нема економист кому моето видување на економијата ќе му се допадне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Стариот актер станал жири, но според моите видувања, не станал и важна личност, туку, напротив, станал личност за медицинско набљудување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Претседателот на Меѓународната асоцијација на театарските критичари Иан Херберт, вели: „Според моите видувања, денес во Лондон се враќа интересот кон политичкиот театар...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)