мој (прид.) - брат (имн.)

Жан-Ноел Пасел, козар од јужна Франција Мојот брат, Константин Кристидис ја прочита вашата книга Времето на козите и му ја подари на мојот татко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На крајот на масата, каде беше седнат татко ми, бидејќи тоа беше неговото востановено и неприкосновено место за седење, како некој да му го врачил по заслуга (се прашувам само кој ли ќе биде неговиот престолонаследник, бидејќи јас немав таква амбиција, а мојот брат по ниедна основа не го заслужуваше тоа).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Така, се случуваше да остават еден голем камен до кацата и јас ќе се качев на него бидејќи не можев да достигнам и ќе ги наполнев џебовите со сирење и ќе им дадев на моите браќа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
На татко ми, кој сѐ повеќе пиеше чај и веќе не слушаше радио, додека Јон беше во кујната, а моите браќа седеа во дневната одаја, тивко му велеше како очите на девојката згаснаа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Доаѓајќи кај вас, предмалку, мислев дека нема да успеам да ја ставам ногата на последното скалило низ кое се симнува мојот брат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кој е кој? И што е тоа? Кој си ти, за да ми речеш, оди што побргу лечи се, или јас на тебе, ти си луд, мој брате. Како кој кого ќе сфати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Тука беа моите браќа, мојата сестра.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тројца од нас братучедите, односно јас, мојот брат Тома и братучетката Целе смисливме начин како да дојдеме до вкусниот локум.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кутриот мој брат неискусен во јавање на коњ, го удрил коњот по слабините и тој се в дал во лет, го исфрлил брат ми од самарот, на прашливот пат, врз камењата, во темната ноќ...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мајка ми, татко ми, мојата сестра и него мојот брат Тома.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Им мафтав на нив тројцата, но и на мојот брат чијашто слика никогаш не изчезна од пред моите очи.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Еден ден гледам се собрале деца на патот кој водеше од црквата кон нашата куќа, а меѓу нив мојот брат.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Зорица Ѓеорѓиевска Животот од една слива (2014) Скопје CIP 821.163.3-32 ISBN 978-608-240-010-5 COBISS.MK-ID 94426634 На мојот брат Д-р Тихомир Крцкоски ЖИВОТОТ ОД ЕДНА СЛИВА Како дете долгите лета ги поминував во големата селска куќа на мојот дедо по мајка.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ти знаеш дека човештвото ќе те чита и препрочитува, дека ќе зборува за тоа што рече ти за човечкото суштество, за неговите соништа и неговата стварност, за неговото свесно и неговото несвесно, за тотемот и табуто, за таткоубиството и инцестот, за Еросот и Танатосот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој не допушти тоа забележување на разликата, кај некои од девојчињата-кои-стануваат-жени да поттикне и поинакви чувства, а не само завист; ја стави зависта како место околу кое се создава Јас на секоја жена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако навистина пресудно во станувањето жена не е нешто суштинско во неа, туку нешто надвор од неа – забележувањето, кога е девојче, дека нема ист полов огран со машкото, забележувањето, како што велеше мојот брат, дека е “осакатена”, зошто тогаш како резултат на тоа забележување, резултат од кој, тврдеше брат ми, од детскоста се раѓа женскоста, од детето се раѓа жената, зошто резултат на таа свесност е зависта, а не тагата, или стравот, или рамнодушноста: тага што половите се разликуваат; страв од разликата, страв од другиот пол; рамнодушност кон различноста?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа рече: „Ние сме три сестри – Ели, Вали и јас. Сите сме овде. Имавме и брат. Франц.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ти си го избрал најдобриот пат, драг мој брате: веруваш дека ќе продолжиш да живееш преку своите дела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас ја спомнав и сестра ми Ана, која веднаш по мажењето замина за Америка; ги спомнав и моите браќа, Зигмунд и Александар.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Воздивнувајќи длабоко на сеќавањата што секогаш му паѓаа потешко од другите, оти не го лутеа, туку само го растажуваа, повторно се фати за перото и продолжи на нов лист: „Возљубени мои браќа по вера!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа беше можеби и причината за да се согласам да го внесам и јас мојот имот и да го смешам во заедничкиот. И тоа, мислеше сега Змејко, а и оној мој Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да, си рече, секако. Оној, мојот Брат, си рече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој ги испрати двајцата, но остана сам, ако не се сметаат семејствата на неговите братчиња и сестрички, кои го најдоа патот по различни држави во светот. 20 години го слушавте неговиот глас на Македонското радио, во една смешна емисија за иселениците Македонци во светот, а беше уредник и во весникот „Македонски иселеник“. Мојот брат!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Најмачно во душата ми одекна прераната смрт на еден од моите браќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мина, сопругата на мојот брат, здрава, убава, млада… умре ненадејно од аневризма…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Докторката Милја нѐ однесе во нејзината канцеларија на десетина чекори од кома-собата, таму дојде и нејзиниот сопруг, мојот брат доктор, сестра ми, брат ти.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А вие како, блиски ли сте со мојот брат? Или само го видовте кај вашата ташта?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Веројатно заради тоа, како во наследство, и сите мои браќа работат кај господинот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Да не си навистина моето братче Ангеле што го пленија пред дваесет и пет години во Прилеп? – и веќе и се навирија очите со солзи. – Јас сум, сестро, јас сум Ангеле, братчето твое од Старавина, туку... како ти овдека допадна?...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Додека јас го читам писмото, во офф одекнува гласот на сестра ми Фелон следен со мелодраматична музика: „Драги мој брате Стивен Керингтон, Овде во Денвер е лудо и незаборавно и штета што те нема да шизиме заедно, а не само мене живец по живец да ми корнат... Во превод: полудевме!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
За Мајка, непредвиденото заминување значеше уште поголемо одда­лечување од нејзиното семејство, за моите браќа замину­вањето значеше крај на детскиот рај, а само за мене, тогаш двегодишен, ова заминување, во подоцнежните години, прерасна во вистински мит кој ќе ме обзема со години и ќе биде еден од битните генератори на моето пишување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А потоа, сосема неочекувано, се појави во мене најбаналната претпоставка: мојот брат Виктор бара патека за да се упати. Но каде? И зошто?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но иако е тешко да се скријат прашањата што се трупаат околу молчењето продолжив да ги поставувам, на оној мој познат начин - молчејќи: „Дали таа девојка в бело е несреќа за мојот брат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од многу негови причини, до кои не бев во можност да допрам, фацата на мојот брат беше расцветана во насмевка, а неговото лице растеше над сите граници на надмоќта.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќе ти повторам неколку податоци за моите браќа, иако ти веќе ги знаеш.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дури сега забележав дека колената ми беа голи, дека панталончињата на моето братче светеа со газенцето, дека фустанчето на сестричето на две места беше скинато, дека бевме парталави.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Последно дете што прескокна во југословенскиот камион беше моето братче, Коста.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И така - не префрлија од албанските во југословенските камиони кои веднаш ги снемуваше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Еден од моите браќа, кој ја прифати татковата сугестија да студира медицина и стана познат педијатар и универзитетски професор, имаше двајца професори сефарди, специјалисти, познати, кои го поддржуваа во кариерата и останаа големи пријатели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога се појави Елен Лејбовиц во светот на моето пишување, навлегувајќи длабоко во трите книги од балканската сага имав чувство дека таа го беше открила и моето страдање поради татковото отсуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја чувствував, како ја презема улогата на читател на мојот татко, на моите браќа...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не го виделе ниту моите браќа по метла.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ех, мој брате... чудо... чудо...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Да, мојата сестра слика, но посебно мојот брат Жак Вилон (Jacques Villon).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кутриот мој брат, се разжалостив, може да настине, може да се разболи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа беше мојот брат, сепак мојот, каков што си го знаев и што си го сакав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Које ќе му прави тостови, кому ќе му рече, ајде Гонцо, сакаш да правиме тостчиња, а тоа само јас го разбирам дека значи: те молам, направи ми, ако си ми сестра.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А ти, Бреза, што чекаш, што не туриш кока-кола?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)