мој (прид.) - нема (гл.)

Сосема туѓо лице... Мое е, а ништо мое нема на него. Ни уста, ни нос, ни очи, ни чело.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Море, ба и коренот, вели Јоше Свирачот, пред гајдата моја нема сила што ќе издржи, што ќе додржи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А в затвор, прво кај што ќе ти побегнат очите е прозорчето. Моево нема стакло.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЛИКА (На мајка ми) И ветив на мојата нема муза дека ќе бидам убав и длабоко ќе ријам до шепотите на твоите вечни бдеења.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И гробот мој нема да молчи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Љубовта моја нема моќ, да допре до тебе , да ти дошепне збор галежен , топол во оваа глува ноќ.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)