Кај Неа Каликратија слеговме на морскиот брег, но само за миг, за да навлеземе пак подлабоко во копното, а потоа повторно да се спуштиме кај Неа Мунданија, на чиј пристап е истакнато едно огромно пано, кое го забележува секој посетител и патник.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
БЕШЕ топол мајски ден кога тргнав од Солун по атинската магистрала, упатувајќи се кон морскиот брег на Егеј, кон Катерини, Платамон, Волос...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Плановите за оваа туристичка сезона се сврзани и со домашните годишни буџети на многу варненци, особено на оние чии куќи се наоѓаат покрај или во близина на морскиот брег.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тој сиот е расположен на морскиот брег и - не е уредена како што треба.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Штом се појави морскиот брег, веќе влегувавме во Аспровалта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На југ од Бургас не ќе догледате рамен морски брег, послан само со песок и со модерни хотели и одморалишта, со улици и цветни алеи по парковите...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тишината на морскиот брег ја разби бучавата на нашето ауто и чукањето на камбаната на градскат црква.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Штом ќе се измине оваа делница, се спушташ по рамен пат од една страна натиснат од планински венци, а од друга страна раскрилен кон рамни полиња и огромните водени површини на езерата Лагадиско и Волви, кои се протегаат со десетици километри од Аг. Василиос, па сѐ таму до Рендина, од каде нема ни чекор до морскиот брег, затскриен од ридја, обраснати со бор.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, пред да го побараме ресторанот со печена риба, го разгледавме градот, морскиот брег и сите места, каде што се одмораат наши луѓе.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Разгледувајќи го морскиот брег на Аспровалта, забележавме едно ниско човече, кое извлекуваше од еден рибарски чамец нешто големо, неодредено.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Уште како дете, дента на Шабат, Лука одеше во домот на Кореови да го пали огнот за подгревање на саботниот ручек, па тие го задржуваа и го помагаа на начини што ќе бидат полезни, а нема да ги навредат ни него, ниту пак неговите родители.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во постари времиња и градската населба, како и засебно поставеното еврејско гето, се наоѓала зад ѕидините на венетската тврдина распослана на ридот, но со тек на времето, градот, како и секој жив организам, едностано ги премавнал високите камени огради и се источил кон морскиот брег. Во главата му се појавува сликата на рабинот Елеазар Корео.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се разбира, и денеска е понеделник на морскиот брег пред куќата на Маркес во Картагена де Индиас, и денеска две петлиња се перчат и му плачат мајче на Хозе Буендија башка и се занесуваат дека петлињата што ќе се најдат на морскиот брег кога тогаш ќе станат галеби, гиздави и отмени, кои во даден момент нема да ја пропуштат приликата да му се посерат на немиената глава на Хозе Буендија.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Среќата би се состоела во тоа да бидам сам на некој морски брег и да бидам Мислам дека човекот има право оставен намира.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Фракталите на променливоста најлесно се запознаваат преку имитациите на морскиот брег, планините и облаците, коишто од 1975-та ги правев заедно со колегите со помош на компјутерска графика.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Касарната беше веднаш до макадамскиот пат, на педесетина метри од морскиот брег.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Околината пред Тирана расте во голема индустриска зона и заедно со новите патишта кои водат кон градовите што лежат покрај морските брегови, Албанија ја живее својата сегашнина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Од малото рондо се дели широко отворена улица и продолжува долж морскиот брег. Тоа е градското шеталиште.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сега ги нема и вилите. На нивно место од под самоти рид, па се до морскиот брег - висококатници.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Низ телото на школката, не само што го слушам морето како бунтува во карпите, како дише и издишува, туку гледав чудна глетка: гледав морски брег, на брегот висока стена и во неа издлабена пештера, во длабочина трикорабен манастир со седум кипариси од левата и седум од десната страна, кај нив параклис и висока камбанарија, гледав калугери како влегуваат и излегуваат од манастирот со запалени свеќи во рацете.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Од морски брегови сум терал камили. Евреите басмари и денес ме бараат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Реков, мајче, дека сум одел и подалеку од Лесново.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Градоначалникот е обврзан да има чист глас, што надалеку се слуша; тој треба да памети дека белите дробови на градоначалникот се создадени за издавање наредби.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Јас знаев еден градоначалник, кој подготвувајќи се за должноста, се насели на морски брег и таму викаше со сета сила.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И нема срце и нема артерии, до тебе наклукана со секакви батерии.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Таму, на некој морски брег, можеби ќе станат рибари.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Кога Али Фети запали друга пура и му предложи на внукот да прошетаат во градината и до морскиот брег, Татко се почувствува среќен и задоволен што разговорот ќе продолжи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ветерот од морската широчина тивко дувкаше, неколку бели галеби бараа пристан на морскиот брег.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пред да се разделиме, синко, би сакал да ти речам дека кој пат ќе го фатиш најмногу зависи од самиот тебе, што ти е на срце, што ти е скриено длабоко во твојата душа: да останеш и да ги завршиш правните студии или да се вратиш кај твоето семејство на Балканот?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во небеската синевина поигруваа зраците на сонцето, а утринскиот ветерчок ја мрсеше косата на витките палми.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога рано ќе ме напуштеше сонот излегував на морскиот брег.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Картагинските статуи, тука веднаш крај морскиот брег, крај напуштените форуми и арени, го продолжуваа вечниот сон. Само лицата со време им се обезличуваа. Бавно замираа...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Продолживме заедно молкум да чекориме крај морскиот брег.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ништо не навестуваше дека тој ден во вилата Магребија ќе запре историјата, ќе биде направен првиот мал чекор во решавањето на палестинското прашање со почетокот на американско-палестинските разговори...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И решив да прошетам крај брегот, да се смирам...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За овој славен подвиг ќе ти требаат цели 33 години, 3 месеца и 15 дена, затоа што Канада го има најдолгиот морски брег – 243.000 км.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
А другиот дел на истото семејство, на кое бездруго и јас бев далечен потомок, низ многу, многу генерации остана небаре да вечнее крај морскиот брег со довикот кон своите, на другиот брег, со надеж дека судбината еден ден повторно ќе ги зближи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кога се најдовме на патот што се влече покрај морскиот брег, прашав: - Каде ме водите?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се завиткувавме во нив, ги врзувавме со телефонска жица што ја наоѓавме во ѓубриштата покрај морскиот брег.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се прашуваме дали, ако Кинеското дрво ни значеше исто како и нему (како и морскиот брег и рамницата во близината поради која мисли дека светот е тркалезен, Црнците, шумата, ослободената пијавица и мочуриштето кое се граничи со гробиштата и игралиштето, црквата, неговата куќа, олеандрите, палмите и комарците, дабот кој има лулашка направена од автомобилска гума, лулашка која треба да се поправи, вилицата на ајкулата, школките од левата и од десната страна, и гризот за доручек) - па, само се прашуваме.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога тоа и го кажав, ми кажа што рекол: дека еден ден, додека влегувал во метро, видел еден човек како им продава моливи на две жени - човек без нозе, кој се движел со помош на платформа на тркала.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Истиот ден работеше и на чевелот со огледало на прстите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но во ова писмо би сакал да ви ја дополнам историјата од Татковите книги, за (не)остварените таткови соништа крај морскиот брег.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И си велам дека во Татковите книги главата под наслов Соништа крај морскиот брег би можело исто така да биде одраз на вашите сорствени потраги во овие места.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Амбросели беше добростоечко семејство. За време на летото изнајмија убава вила во Бретања со многу соби и на самиот морски брег.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
А јас останав како осамената птица албатрос, тешко да се влечкам крај морскиот брег покрај бункерите и нивните невидливи стражари, осуден да не го откријам синиот излез кон небото, како птицата, извишена со разиграните крилја, спасена од тежините на копното.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И во пристаништето, крај морскиот брег се раѓа нашиот насушен леб.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Во друштво со неа крај морскиот брег, брановите звучеа како погонска сила за неговите чувства, дуваше освежувачки солен воздух со блага доза на афродизијак, добрата риба беше предобро приготвена и белото вино толку лесно му се лизгаше низ грлото правејќи сѐ пред него да биде рамно и проодно до бескрај.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Зашто еднаш, на морскиот брег на островот Минос, Летка нему му рече: „Незнам зошто, но понекогаш имам чувство како да сакаш да ми помогнеш“ му рече и по пауза додаде, „додека ми требаш!“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Ајде, ајде, поткрени се!“ Едо се присети дека се искачија толку високо од каде што можеа да го видат морскиот брег од другата страна на островот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
41 Според едно друго тврдење, велешките ученици, шетајќи се покрај морскиот брег на Солун, често гледале како Евреите- рибари и чунџии ги вадат гемиите надвор од морето за да ги поправат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Фонтана посочува цифра од над 100 сомнителни од Македонија коишто според планот на Хилми-паша требале да бидат интернирани во некој дел од Турција близу до морскиот брег каде што би им се дало земја и би биле под извесна контрола156.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)