молчелив (прид.) - и (сврз.)

Полковникот е одличен. Тој и досега би служел, но се повреди во експлозија на некој таен објект и од тоа време тој е молчелив и замислен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Жолтата куќа на мрднатата вдовица, домот во кој живееше емигрантот, беше молчелива и затворена и оживуваше во мојата фантазија чудни и таинствени слики.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа тој ми помогна да ги исечам јаболкниците околу куќата и да ги поставам рефлекторите, тоа тој ги постави стапиците и јамите, во кои запаѓаат ноќните посетители, тоа тој ме снабди со оружје.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Па тоа беше токму тој, ваков спружен врз нивната носилка и безволен за секакво движење, останат на средпат и таму капнат сѐ додека не дошле овие четворица луѓе, што не сакале да го остават таму, на неговата бука; го нашле таму и сега го однесуваа со овие свои тивки, претпазливи чекори, молчеливи и заздишани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одговорот посрамено го замолча мајсторот, и потоа бевме молчеливи и тажни и двајцата: тој - што психологот не им помага на луѓето, јас - поради силината на неговата беспомошност.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)