молскавичен (прид.) - брзина (имн.)

Таа со молскавична брзина грабна два од моите шаховски коњи и се стрча кон вратата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Наеднаш ми проструи низ целата телесна мускулатура една морница која со молскавична брзина стигна до мозочните ќелии.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ги помина сите вагони со речиси молскавична брзина, туркајќи ги вратите со двете раце во истовреме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дрвјата, облаците, тревниците се креваа и брануваа а облаците летаа со молскавична брзина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сето тоа се случи со молскавична брзина, толку неочекувано, што јас и Абраш не можевме навреме да интервенираме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)