молитвен (прид.) - збор (имн.)

Леле, Богородице Мајчице, поземи ги молитвите мои - таму до под сртовите пелистерски - кајшто сум ја оставила ЅВЕЗДА моја... леле, оф, леле, колку ли време одминало? - мигот за молитвен збор - вечност за молитва...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Дедо попот чита од Евангелието, сѐ по ред запишано од Апостол Марко - како што се случило на тој Ден - ВЕЛИПЕТОК - мачни страдања на Богочовекот... молитвени зборови од СИНА до ТАТКОТО - ОЧЕ, ПРОСТИ ИМ ОТИ НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Грлото саде за молитвени зборови отворено - се отворило - зарем песна да запее?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)